Корнелија Нинова реизбрана за претседателка на Бугарската социјалистичка партија

Фото: NIKOLAY DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Актуелната лидерка на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, победи на првите директни избори за нов претседател на левицата со над 80 отсто поддршка. Ова го покажуваат прелиминарните податоци, јави БНТ.

Нинова учествуваше на директните избори за претседател на партијата со уште тројца кандидати – нејзиниот поранешен партиски заменик Кирил Добрев, пратениците Валери Жабљанов и Красимир Јанков. Жабљанов и Јанков повикаа на бојкот на гласањето. Претходно оваа недела, Георги Тодоров се повлече од трката и неговата регистрација беше избришана

Одлуката за директен избор на претседател на партијата беше донесена од Конгресот на БСП во февруари 2017 година, на предлог на самата Корнелија Нинова.

Според правилата, ЦИК на партијата мора да ги објави конечните резултати од гласањето 48 часа по неговото завршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот