КОРМИЛОТО ГО ПРЕВЗЕМА ЖЕНА: „Фајненшал тајмс“ ќе ја има првата уредничка во традицијата стара 131 година

фото: Профимедиа

Рула Калаф во јануари ќе го замени досегашниот уредник на „Фајненшал тајмс“, Лионел Барбер, со што ќе стане првата жена која го предводи овој британскиот весник кој се печати 131 година.

Барбер се повлекува од функцијата уредник на „ФТ“ по 14 години, а за време на неговиот мандат „ФТ“ беше продаден на „Никеј“ во јули 2015 година, јапонски медиумски магнат кој има шест деловни и финансиски медиуми во своето портфолио, а дел од групацијата се и „ТВ Токио“ и „Никеј ЦНБЦ“.

За време на неговиот мандат, претплатата преку Интернет беше многу успешна и тој ја заштити групата во многу бурни времиња во која беше зафатена индустријата на весници. „ФТ“ го премина прагот од еден милион претплатници во 2019 година, при што дигиталните претплатници сочинуваат повеќе од 75 проценти од изданијата.

Барбер ќе остане уредник на „ФТ“ за време на општите избори во Велика Британија, а Калаф ќе го преземе кормилото во јануари.

Рула Калаф работи како заменик-уредник од 2016 година, набргу ќе стане првата жена која ќе го предводи овој престижен весник.

Цунео Кита, челникот на „Никеј“, рече дека е задоволен што Калаф се согласила да ја преземе улогата на уредник.

– Имам голема доверба дека таа ќе ја продолжи мисијата на „ФТ“ во квалитетно новинарство без стравови и отстапки, како и дека ќе ги инспирира и ќе го води тимот од најталентираните новинари да продолжат да ги следат случувањата во бизнисот, финансиите, економијата и политиката на глобално ниво – рече Кита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот