Користете соодветно детско седиште при патување

Со цел подигање на свеста за поголема употреба на детските седишта, РСБСП со потсетување до возачите за обврските и придобивките од користењето на детско седиште во автомобил.

Секој родител, односно секој одговорен возач треба да преземе се што е во негова моќ да ги заштити децата од повреди и загуби во сообраќајот. Една од најважните обврски на родителите, т.е на возачите  е токму обврска за користење на детски седишта за превоз на деца.  Иако не постојат прецизни статистички податоци за тоа колку се користат детските седишта во автомобил, сепак евидентен е фактот дека употребата на детските седишта за заштита на децата патници не е на потребното ниво.

Со цел подигање на свеста за поголема употреба на детските седишта, РСБСП со потсетување до возачите за обврските и придобивките од користењето на детско седиште во автомобил:

• Согласно законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Детето во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

Прочитајте и...  Аун: Либан ќе биде на пат кон пеколот ако не добие нова влада

• Според ЗБСП, во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување. Детето и во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

• Дете на возраст до 12 години,  не сме да се превезува на предното седиште. За деца над 5 години задолжително е користење на сигурносен појас без разлика на тоа што детето седи на задното седиште од автомобилот.

Прочитајте и...  Беса ќе настапува самостојно во Собранието, договорот за коалиција со СДСМ не се растура

• Според истражувања на релевантни меѓународни организации, во случај на сообраќајна незгода, детските седишта ја намалуваат смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

• Користењето на детско седиште за во автомобил е задолжително за превоз на деца до 5 години независно од тоа  со која брзина го управувате возилото и независно од тоа дали учествувате во сообраќај во населено или надвор од населено место.

• Родителите ја избегнуваат употребата на детски  седишта во автомобил убедени дека  детето е безбедно во нивната прегратка. Станува збор за погрешна перцепција.   Во случај на сообраќајна незгода со возило кое се движи со брзина од 50 км/ч, во моментот на судир,  предметите и телата во возилото продолжуваат да се движат со иста брзина со кое возилото удрило. Во тој случај, невозможно е со силата на човечката рака детето да се задржи безбедно во прегратката. Силата со која дејствува детето во таква ситуација е еднаква на сила на дејствување  на тело или предмет чија маса е  до 30 и повеќе пати поголема од масата на детето. Затоа, важно е да се потенцира дека,  дете  до 5 години, кога се превезува во автомобил,  единствено безбедно е да биде ставено во соодветно детско седиште.

Прочитајте и...  Експертите за инцидентот во Ѓорче Петров: Говорот на омраза е последица на „пумпањето“ национализам

• Безбедноста на децата е одговорност на возрасните  и без разлика на тоа дали вашето дете се противи или не, без било какви оправдување или изговори, должни сте да ги преземете сите можни работи кои на било кој начин придонесуваат за поголема заштита на децата додека патуваат.

Прочитај повеќе

Дендиас: Турција да го почитува меѓународното право

Слободен печат

Без заштитна маска „уловени“ 597 лица, заработија казни од МВР

Слободен печат

Хоти потпиша договор со Меѓународната финансиска корпорација за развој

Илинка Иљоска

Брзо возеле 130 лица, МВР казни вкупно 311 возачи

Слободен печат

МОН: Со законските измени се овозможува непречено одвивање на наставата и во вонредни околности

Слободен печат

Ќе се чисти малата депонија во ОХИС, големата ќе почека

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Слободен печат

Фигаro: Турција вешто се инфилтрираше во традиционалното американско-руско ривалство

Слободен печат

САД не заземаат позиции за споровите околу поморските граници на другите земји

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

Слободен печат

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Слободен печат

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, продолжува трендот на раст на платите

Слободен печат