Користите „Bluetooth? Еве зошто треба веднаш да престанете (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Поточно, технологијата што ја земаме здраво за готово денес поврзува сè: од нашите паметни телефони и часовници, преку нашите слушалки и фрижидери, до нашите тостери и вибратори. Сепак, сè повеќе експерти тврдат дека ова е голем проблем.

Причината е исклучиво поврзана со безбедноста и заштитата на податоците. Ова е проблем што не е тешко да се реши и зависи од вас, но вие треба да одлучите за тоа.

Не е во прашање параноја.

И не станува збор за параноја. Оваа година на „DEF CON“, најголемата хакерска конвенција во светот, истражувачите покажаа колку е лесно да се користи „Bluetooth“ за да се идентификуваат ранливите дигитални звучници. Откако ќе се идентификуваат, хакерите можат да ја преземат контролата врз звучниците и да направат опасни звуци со кои можат да го оштетат слухот на секој што е во близина.

И тоа е само почеток на приказната. Хакерите можат да ги пресретнат и модифицираат сите податоци испратени од оваа технологија и можат да ве прислушкуваат. Тие можат преку „AirDrop“да дојдат до вашите информации, а многу продавници користат „Bluetooth“ за да ги следат локациите на клиентите за подоцна да ги продаваат тие информации на огласувачите кои градат база на податоци за тоа.

Што можете да направите?

Тоа е всушност многу едноставно. Треба само да го исклучувате „Bluetooth“, затоа што оваа технологија ве прави ранливи во секое време на секој што сака да ја злоупотреби вашата негрижа.

Ако можете без него, не користете го, а доколку морате, исклучете го веднаш кога ќе престанете да го користите.

Ова можеби изгледа како непријатност, но многу повеќе ќе ви пречи, тоа што може да ви се случи, доколку не го правите ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот