Корисниците на Твитер конечно добија одговор на прашањето кое го поставуваат од 2006 година

џек дорси
џек дорси/ Фото: EPA-EFE/KIM CHUL-SOO

Од основањето на Твитер, неговите корисници секојдневно бараа да им се овозможи само една можност…

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, конечно се огласи со одговор на едно од најчесто поставуваните прашања и барања на корисниците на оваа социјална мрежа. Имено, од самиот почеток на Твитер, корисниците бараат да им се овозможи опција за уредување на објавите, на што компанијата секогаш избегнуваше да одговори или се извинуваа со изговорот дека ја „разгледуваат идејата“, пишува српски „Телеграф“.

Дорси сега соопшти дека Твитер „веројатно никогаш“ нема да ја има можноста за уредување на објави, која на корисниците би им овозможила да ги поправат грешките во своите твитови.

Во интервју за магазинот „Wired“, во кое одговараше на прашањата на корисниците на Твитер, тој беше многу директен кога на ред дојде прашањето дали во 2020 година ќе биде овозможено уредување на објавите.

Одговорот е „не“, изјави Дорси, објаснувајќи дека иницијалната одлука била таа можност да не постои, бидејќи Твитер започнале да работат „како СМС, сервис за испраќање на пораки“ и сака да одржи до своите корени.

– Како што сите знаете, кога ќе испратите порака, не можете да ја повлечете. Ние сакаме да го зачуваме чувството кое го имавме во минатото – тврди тој.

Дорси признава дека многу работи се промениле од 2006 година и дека некои корисници имаат полно право да бараат можност за уредување на објавите, бидејќи поголемиот дел од нив сакаат да ги поправат грешките при пишување, а да не мораат да го избришат твитот со грешка и така да ги загубат сите лајкови и ретвитови.

Сепак, тој призна дека размислувале да ја овозможат оваа опција, само на една минута или 30 секунди од објавувањето на твитот, што е доволно време да се исправи печатна грешка или линк кој не работи. Меѓутоа, проблемот би се појавил во моментот кога корисниците би започнале да ја злоупотребуваат оваа можност, бидејќи корисникот би можел целосно да ја промени содржината на својот твит, нешто што оние кои го ретвитнале не би го знаеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот