Корисниците на парични права од социјална и детска заштита кои биле клиенти на Еуростандард банка можат да ги подигнат средствата од други банки

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека клиентите на „Еуростандард банка”, кои имаат парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства, доколку имаат трансакциска сметка во друга банка да се обратат во таа банка или да отворат нова трасакциска сметка со цел да ги добијат средствата.

– Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на „Еуростандард банка” АД Скопје и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на Банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на „АД Пошта на Северна Македониј”, заради продолжување на навремена и редовна исплата потребно е доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка” АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен „Охриска банка АД Скопје”), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка, наведоа од МТСП.

Прочитајте и...  Лекарите веќе ни од колегите не се безбедни: Во Куманово доктор нападнал колега, тој избегал низ прозор

Од Министерството истакнаа дека доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата (освен „Охриска банка АД Скопје”) заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

– Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото, посочија од МТСП.

Нагласија дека корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, поврзувањето на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка треба да го направат најдоцна до 25 август 2020 година, заради навремена исплата во месец септември 2020 година.

Прочитајте и...  Денеска одлука за четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра

Од МТСП наведоа дека корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.

Прочитај повеќе

Швајцарците го одбија предлогот на десницата за ограничување на имиграцијата од земјите на ЕУ

Слободен печат

Инцидентите со полицајците под лупа на Македонскиот полициски синдикат

Биланси од судирите на Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Слободен печат

Папата апелира за мир во регионот на Кавказ

Слободен печат

Акар: Анкара го поддржува Баку

Слободен печат

Во „Викендот без ДДВ“ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Слободен печат

Рама од Валона најави: Албанија ќе ги олесни анти-ковид мерките

Слободен печат

Силен земјотрес во близина на Света Гора

МИА Агенција

Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

МИА Агенција

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Слободен печат

Азербејџан: Општа мобилизација во земјата не е неопходна

Слободен печат