Корисниците на ФБ бесни: Не можат да погледнат никаква мултимедија

фејсбук
Flickr

Фејсбук, Воцап и Инстаграм веќе подолго време од овој ден имаат проблеми со работата. На Фејсбук најмногу проблеми се пријавени во врска со прикажување на мултимедијални содржини, особено фотографии, илустрации и гиф-анимирани сликички.

Според мониторингот, овие проблеми примарно се појавуваат во САД и на територијата на Европа. Најмалку 39% од вкупниот број корисници на Фејсбук имале проблеми со логирање на платформата, а 33% не можат да ги гледаат објавените фотографии.

Модераторите на фан-страниците го имаат истиот проблем со објавување на содржини.

Од Фејсбук најавиле дека интензивно се работи на решавање на проблемите кои ги имаат сите нивни сервиси, а причините зошто фотографиите не се видливи ќе бидат објавени веднаш по извршеното истражување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот