Корисниците ќе можат да контролираат колку политички реклами ќе им се појавуваат на Фејсбук и Инстаграм

Фото: Профимедиа

Покрај тоа, новата алатка ќе им овозможи на корисниците да се исклучат од следење на теми кои не ги интересираат.

Компанијата Фејсбук соопшти дека наскоро на своите корисници ќе им овозможи сами да го намалат бројот на политичките и општествено ангажираните маркетинг компании на Фејсбук или Инстаграм.

Покрај тоа, новата алатка ќе им овозможи на корисниците да се исклучат од следење на теми кои не ги интересираат.

– Планираме контролата врз политичките огласи да почне да функционира ова лето во САД, а таа можност понатаму ќе ја прошириме на повеќе локации – се наведува во соопштението.

Аналитичарите на социјалните мрежи ќе можат да пребаруваат огласи според конкретни фрази, на тој начин групирајќи ги сите слични компании, но и да ги филтрираат резултатите според големината на таргетираната публика или регионот.

Компанијата, сепак, не може да гарантира дека успешно ќе ги блокира сите непосакувани политички реклами, имајќи го предвид бројот на кампањи кои се спроведуваат на платформите на Фејсбук.

Фејсбук неодамна беше мета на остри критики, бидејќи, за разлика од конкурентскиот Твитер, одби да го забрани политичкото огласување на своите мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот