КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВАЧИЊА: Футролата за училишен прибор не мора да биде голема, важно е да е организирана

Фото: Damir Spehar/PIXSELL

Покрај училишниот ранец, тука е и бројниот училишен прибор кој треба да се купи на почетокот на школската година. Родителите, особено оние кои имаат првачиња, сакаат да го запомнат чинот на тргнување на училиште. Поради тоа ви нудиме неколку совети:

Книгите и тетратките на малите ученици нека бидат замотани во прозирна пластична папка или самолеплива прозирна фолија. На ученикот му е тешко да препознае која книга по којј предмет му е ако не ја види насловната страница на книгата. Освен првите десет дена, научето го ученикот сам да го пакува ранецот според распоредот кој ќе го добие на училиште. Ако го научите детето дека Вие секогаш ќе бидете тука за тоа, ќе изрази бес и незадоволство во 4 одделение кога ќе побарате од него сам да го подготви ранецот.

Особено внимание треба да се обрне при купувањето на футрола за училишен прибор. Родителите често ја купуваат најголемата, па учениците не можат да се снајдат. Покрај тоа, големата футрола зазема и многу простор во ранецот. Во футролата важно е да има барем два молива, острилка, гума за бришење, линијар и фломастери.

За ликовно ќе ви биде потребна кутија со име и презиме на детето во која треба да има водени боици, темперни боици, чаша, подлога и некоја стара блуза за детето да не се извалка.

СПОРТСКА ОПРЕМА

Поголемиот дел од наставниците ги замолуваат родителите за спортска опрема, која се состои од кратки пантолони и маица за момчиња и хеланки и маица за девојчиња. Потребни се и патики кои се полесни и удобни за трчање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот