Корисни совети: Грешки во користењето на фрижидерот што несвесно ги правите

Фото: Профимедиа

Тој е незаменлив куќен апарат, без кој не можеме да го замислиме секојдневието. Воедно е и најлесен за користење. Освен повремено чистење, фрижидерот не бара посебна грижа и услови за користење. Но, што ако досега ги правевте нештата погрешно?

Сигурно нема ништо поубаво од доаѓањето дома од продавница и полнењето на фрижидерот со производи додека се наполнат сите полици. Така имате можност за подготовка на оброци подолго време без често да трчате до продавница. Но, всушност, првата грешка е во тоа – преполнување на фрижидерот. Прво затоа што така ја блокирате циркулацијата на воздух, а тоа значи дека фрижидерот ќе треба понапорно да работи за да ја одржува температурата на потребното ниво.

Особено ако имате ставено производи што го блокираат делот за вентилација. Понапорната работа на фрижидерот значи и повисока сметка за струја. Уште еден проблем кој се создава од пренатрупување на фрижидерот е дека нема да може сите производи да ја постигнат потребната температура и сосема е веројатно дека многу брзо ќе се расипат. А ако на нив нема забележителни траги од расипување, може да се случи да ја употребите храната и да се затруете. Најдобро е да не претерувате со преполнување, но и да не го оставате речиси празен, затоа што во тој случај механизмот нема да работи правилно.

Не ја одржувате потребната температура

Според стручњаците најдобрата температура за работа на фрижидерот е 4 Целзиусови степени или пониско, само вие треба да ја одржувате и проверувате редовно затоа што развојот на бактерии и расипувањето на храната започнува над 4 Целзиусови степени. Но, тука не смеете да заборавите два важни момента – честото отворање на вратата од фрижидерот и внесувањето нови неизладени производи, кои предизвикуваат зголемување на температурата во фрижидерот и на тој начин ризикувате да се расипе храната во него. Затоа наместо на 4 степени, нагодете ја температурата малку пониско помеѓу 2-3 Целзиусови степени. Подобро така отколку да ризикувате труење со храна.

Избегнувајте да ги користите држачите за јајца

Секој ја има истата навика – купените јајца ги вади од картонот и ги става на полицата на вратата од фрижидерот за таа намена. Но треба да знаете дека така ризикувате да се расипат. Причината е што со често отворање на вратата се менува температурата во фрижидерот, а тоа е најизразено на вратата, затоа што е директно на удар од собната температура. Поради тоа сосема е можно јајцата да се расипат и пред да им истече рокот на употреба. Затоа наместо да ризикувате, чувајте ги во оригиналните картонски кутии на полиците во фрижидерот.
Истото се однесува и за чувањето млеко и млечни производи на вратата од фрижидерот. Наместо тоа ставете ги на најдолната полица од фрижидерот која е најиздржлива, а воедно и најладна.

Изберете ги соодветните полици

Кога го полните фрижидерот со производи, ги ставате по случаен избор, онаму каде што ќе ги собере. Тоа е огромна грешка. Прво, има места каде одредена храна треба да се чува поради контрола на температурата. Млечните производи треба да се на долната полица, исто и јајцата. Сосовите и зачините во течна состојба, имаат поголема издржливост на промена на температура, поради што можат да стојат на вратата од фрижидерот, заедно со купечки сокови. Другите производи треба да ги сместите во фрижидерот така што ќе им го олесните користењето на членовите на вашето семејство. Ако имате мали деца, храната која тие сакаат да ја грицкаат, треба да биде на видливо место и тоа во ниво на нивните очи. Така ќе им го олесните барањето и стоењето пред отворен фрижидер долго време, а воедно и растурањето. Производите што често ги користите треба да ви се лесно достапни, а другите да се така подредени да можете веднаш штом го отворите да видите што и каде е сместено. Така ќе си го олесните подготвувањето на оброците.
И за крај, најважниот момент – колку и да ви изгледа чист фрижидерот треба да го чистите на секои 3-6 месеци, затоа што бактериите внатре од храната се развиваат брзо и ризикувате расипување на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот