Корисни пораки за личен развој и поддршка на учениците за време на ковид 19

Жалам што како генерација на деца во оваа учебна година имавте судбина својот прв училишен ден да го започнете со доцнење, а еве и сега можеби и нема да ја завршите на 10 јуни.

Не сте само вие, туку повеќе од 300 милиони ученици во светот се надвор од образовниот процес кои се затворени поради пандемиската здравствена криза предизвикана со ковид 19.

Драги мои, светот досега никогаш не бил во ваква ситуација, во вакви околности и со вакви предизвици. Вирусот, за жал, се уште се шири низ многу земји, а светот води војна со невидлив непријател кој однесе многу животи и донесе многу страв низ целото човештво. Ни претстои потешка борба во следниов период. Но, Вам ви се обраќам со неколку пораки со кои би сакала да ви препорачам :

Следете ги сите укажувања на одговорните, почитувајте ги родителските правила и однесувајте се согалсно сите мерки и совети. Останете дома. За некое време ќе бидете многу горди на себе како со заедничка соработка со возрасните и помагате на својата земја сите заедно да излеземе безбедни, здрави и мудри.

И вие како генерација имате огромна улога во совладувањето и надминувањето на овој светски здравствен предизвик. Остани дома! Социјалното и физичко дистанцирање ќе го направите со тоа што совесно и одговорно ќе ги изработувате своите домашни задачи следејќи ја инструкцијата од своите наставници и училиштето.

На некои од вас можеби ќе им биде досадно други пак, ќе бидат загрижени, анксиозни, исплашени од тоа какви промени се случуваат секој миг, секој ден, секоја недела. Важно е да ја прифатите реалноста, да се адаптирате и да побарате помош од родителите. Ве охрабрувам, поттикнувам и мотивирам да си бидете соспствена подршка, подршка на своето семејство.

Останете одговорни и информирани, следете ги инструкциите и укажувањата само од потврдени авторитети, министерство за здравство, центарот на јавно здравје, светска здравствена организација и министерството за образование.

Бидете критични и препознајте fake news, сензационалистички вести кои можат да ви создадат лажна слика за состојбата кај нас и во светот и да ви предизвикаат вознемиреност, страв од апокалиптични исходи од ситуацијата. Одморете малку од времето поминато пред ТВ екраните за да се заштитите од премногу информации.

Бидете љубезни и грижете се за луѓето околу вас. Не правете негативни коментари за луѓето кои го добиле вирусот, не осудувајте. Доколку некој од ваши блиски се разболел едноставно е лоша среќа и потребна им е помош.

Креирајте нова рутина и распоред на секојдневните активности и живеење дома. Секоја вечер направете си Дневен план за еден ден однапред. Училишениот распоред нека ти биде водич.

 

Авторот е едукатор и мотиватор, директор на ООУ „Гоце Делчев” – Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот