„Кориере дело Спорт“: Голема размена меѓу Милан и Рома!

фото:твитер

Римската „волчица“ ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го ангажира играчот за врска во Милан и турската репрезентација, Хакан Чалханоглу, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Истиот извор информира дека веќе се сретнаа спортските директори на двата клубови, Рики Масаро и Џанлука Петрачи со цел да го договорат овој трансфер, а се чини дека тој ќе биде завршен со размена на играчи.

Рома во трансферот е подготвена да вклучи еден од тројцата фудбалери за кои Милан во изминатиот период покажа интерес, а тие се Ченгиз Ундер, Диего Пероти и Амаду Диавара.

Инаку, кога е во прашање турскиот фудбалер, на него не му се брза да си оди од Милан и неодамна побара продолжување на договорот.

Инаку, тој во клубот во летото 2017. година како големо засилување дојде од Баер Леверкузен, но никогаш не ги оправдал 23 милиони колку што беа потрошени за неговите услуги.

Оваа сезона запиша 14 натпревари во италијанската фудбалска Серија А, постигна два голови и забележа една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот