Корекции на пензиите: Пензионерите од јануари со 185 денари повеќе на сметките

скопје луѓе пензионери клупа плоштад
Пензионери во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пензионерите за јануари ќе добијат поголема пензија, по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот, во номинална вредност за 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули, според процентот на пораст на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата. Почнувајќи од 2019 година, покрај редовното усогласување, се предвидува и дополнително усогласување, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 отсто, се вели во соопштението од МТСП.

Покрај овие два начина на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15 проценти и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот