Кореанката Сан Ан е првата спортистка во Токио со три златни медали

EPA-EFE/YONHAP

Младата 20-годишна Сан Ан од Јужна Кореја стана првата спортистка на Олимписките игри во Токио со освоени три златни медали.

EPA-EFE/YONHAP

Откако го освои златниот медали во екипно и во мешовито наптреварување во стреличарство, Сан Ан денеска ги освои златниот медал и во поединечна конкуренција. Таа во финалето на победи Русинката Јелена Осипова со 6:5.

Бронзениот медал и припадна на Лусила Боари од Италија откако во дуелот за третото место беше подобра од Мекензи Браун од САД со 7:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот