5 C
Скопје

Кордалов за „Слободен печат“: Палењето на знаме е индивидуален, а не колективен чин и треба да се казни

Комуникологот Бојан Кордалов смета дека чинот на палењето на бугарското знаме мора да се санкционира според законот, како чин што го извршил поединец, и не треба тој да се третира  како чин на целата заедница.

– Комуниколошки, колку повеќе има говор на омраза во една средина, толку повеќе ќе има и вакви непријатни ситуации и инциденти. Од друга страна, колку повеќе владите градат подобра атмосфера и одговорно развиваат дијалог со меѓусебно почитување, толку повеќе ќе се нормализираат односите во истата средина. Треба да се прави разлика помеѓу односот што граѓаните од две заедници го имаат меѓу себе, со односот што произлегува од и меѓу политичарите, но за жал, таква разлика на Балканот не се прави. Вакви инциненти, како палењето на знамето на Бугарија, имало и од двете страни, и тие се многу непријатни настани, но за нив има пропишани законски санкции. Важно е да се потенцира дека таквите дела ги извршиле лица со име и презиме и така и да се постапи, како кон дела извршени од поединци – вели Кордалов за „Слободен печат“.

Прочитајте и...  Скокнаа цените на лековите: Само витамините за Ковид-19 позитивни чинат 100 евра

За време на карневалот во Вевчани засега непознат сторител го запали знамето на Република Бугарија. Полицијата трага по лицето кое според Кривичниот законик може да добие затворска казна од една до пет години.

Бугарија испрати демарш заради инцидентот, а осуди стасаа од претседателот Стево Пендаровски, министерството за надворешни работи, како и од градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

МВР го бара лицето што го запали бугарското знаме, може да добие затвор до 5 години

Остра осуда од Јанкоски и Општина Вевчани за палењето на бугарското знаме

Ранѓеловиќ за „Слободен печат“: Палењето знамиња е одраз на примитивизам

 

Поврзани вести

Кина воведува здравствен пасош

Илинка Иљоска

Елези: Алтернатива е млада средовечна партија

Дестан Јонузи

Ајдини: Во Алијанса за Албанците има натпревар меѓу генерации

Дестан Јонузи

Бајден ќе им обезбеди привремен заштитен статус на мигрантите од Венецуела во САД

Слободен печат

ВИДЕО | Филипче: Рестрикцијата ќе го ограничи ширењето на опасниот британски сој меѓу младите кои се собираат во вечерните часови

Слободен печат

Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на Пуџдемон

Слободен печат

Остави Коментар