Бојан Кордалов, комуниколог: Мас-медиумите се сегашност и иднина, но не можат да бидат лек!

Социјалните мрежи станаа неизбежен дел од нашите животи, реалност која колку и да ни ја олеснува комуникацијата, ни помага да останеме во контакт со пријателите, семејството, да споделуваме информации, неретко помага и во водењето на бизнис, толку понекогаш изгледа и опасна, со можности за предизвикување на несакани последици.

Дигиталните медиуми се сегашност и иднината, вели комуникологот Бојан Кордалов за „Утрински печат“, тие се реалност која треба да ја прифатиме, но нужни се и инструменти за справување со лошите страни на социјалните медиуми, кои се користат за хранење на егоизмот, предизвиквуање нарцизам, отуѓување од луѓето и самите себе…

„Социјалните мрежи не можат да бидат лек, ниту треба да ги перцепираме како центар за лекување на нашите маки и проблеми. Да не им го правиме на другите тоа што не сакаме да ни го прават нам, тоа е суштината која многу малку луѓе ја разбираат. Само со гласно говорење можеме да ја кренеме свеста за лошите ефекти на социјалните медиуми, особено врз младите“, нагласи Кордалов.

Тој нагласи дека институциите треба да гарантираат правна заштита, процес кој можеби е долг, но истиот е неопходен за имплементација.

„Не можеме да ги спречиме младите да го користат интернетот, но можеме да работиме на создавање правна рамка која ќе ги заштити од кражба и злоупотреба на лични податоци, како и од спречување на нивно какво било омаловажување. Дополнително, дигитализацијата треба да биде дел од образовниот систем, бидејќи само на тој начин може да се подготват најмладите со сите предности и негативни ефекти на кои можат да наидат во нивното секојдневие“, заклучи Кодарлов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот