Кора од портокал: За пријатна арома и свежина на секое јадење

unsplash

Портокалот е јужно овошје, кое е богато со витамин Ц и вообичаено го јадете плодот додека кората без размислување ја фрлате. Но, дали знаете дека таа е многу корисна и има широка примена?

Кората од портокал богата е со скапоцени супстанции какви што се масти, минерали, витамини, стероли и вода. Сите вредни состојки како железо, калиум, калциум, магнезиум, бакар, натриум, селен, фосфор, цинг, витамин А, витамини Б1, Б2 Б3, Б5 Б6 и други, прават кората да биде малку повеќе од обичен нус- производ.

Извор на корисни материи

Пред употреба на кората од портокал во прехранбени цели, не смеете да заборавите дека треба да ја потопите во вода 24 часа за да се елиминираат сите штетни хемикалии со кои се обработуваат портокалите пред да стасаат во продавниците. И тоа нема да влијае врз нивната корисност. Како извор на корисни микроелементи за здрав живот, кората од портокал може да се користи на разни начини, кои се лесни и му даваат вкус на јадењето. Кората од портокал има пријатна арома, која внесува свежина во секое јадење во кое се употребува.

unsplash

Одлична идеја е да направите домашно слатко од кора од портокал, кое е пријатно, миризливо и неверојатно вкусно. Зашеќерените кори од портокал го прават слаткото пријатно со желатинозна структура, а неговата конзистенција се менува до непрепознатливост. Сè што е потребно се портокал, вода, шеќер и лимонска киселина. Потоа останува на вашата креативност да направите вкусно слатко.

Кората од портокал е одличен додаток во разни растителни пијалаци. Додајте неколку парчиња исушена кора од портокал во својот омилен растителен чај, тоа ќе го направи единствен. Исушената и ситно рендана кора од портокал е вкусен зачин за разни видови јадења, особено за оние што содржат месо. Аромата од портокал совршено се комбинира со месо од живина.

Од кората од портокал можат да се подготват различни видови освежителни сирупи. За таа цел, свежата кора од портокал се ренда и се остава во вода 24 часа, потоа се цеди течноста, се додава шеќер по желба и се вари додека пушти убава арома на портокал. Течноста можете да ја пиете веднаш или да ја складирате во фрижидер.

Profimedia
Фото: Profimedia

За убава кожа и свеж здив

Освен во кулинарството, кората од портокал може да се користи за ароматизација на просториите во кои живеете. Есенцијалните масла што ги има во кората го освежуваат воздухот и се многу корисни во борбата против разни видови инсекти.

Уште еден интересен квалитет на кората од портокал е дека кога се свежи можат да се користат како природно средство за чистење. Иако е нетрадиционален пристап, сепак е погоден за луѓе што дома не користат премногу хемикалии. Во комбинација со сол и оцет, кората од портокал е универзално средство за чистење мрснотии.

За здрави и убави нокти можете да ги истриете со кора од портокал и тие ќе добијат сјај и елегантен изглед, благодарение на маслото од портокал.

Profimedia
Фото: Profimedia

Како производ за спа-третмани, кората е одличен додаток на вашата купка. Само додајте неколку парчиња кора од портокал во водата, ќе ви донесе пријатно чувство и ефект на тоник.

За убава кожа можете лесно да ја истриете кожата со свежа кора од портокал, која ќе пушти есенцијално масло и деликатно ќе ѝ даде блескав изглед на кожата.

Исто така, добра е при лош здив, треба само кратко да изџвакате мало парче кора од портокал. За убави заби, протријте ги со кората.

Таа е докажано средство за смирување главоболки дури и од мигренозна природа. Затоа следен пат кога ќе излупите портокал, не занемарувајте ги корисните својства на кората и сочувајте
ја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот