Копнена инвазија на Турција во Сирија: Најмалку осум загинати во првиот напад

Фото: Профимедиа

Најмалку осум луѓе се убиени, а десетина се повредени во бомбардирање за време на првиот ден на турската воена операција на север во Сирија, информираа Сириските демократски сили (СДФ). Во меѓувреме, започна и копнена операција.

„Три борци и пет цивили се жртви. Десетина цивили се повредени поради масовно и неселективно турско гранатирање по сите погранични градови на североисток во Сирија“, објави на Твитер оперативниот центар СДФ, кој го предводат Курдите.

И Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека загинале осум лица, вклучувајќи и двајца христијански Асирци во градот Камишли, еден брачен пар со дете, како и маж во близина на градот Тал Абиад.

Како што пренесува Агенцијата АП, настрадало и едно дете во село западно од Камишил, како и еден маж во Рас ал Аина.

Денеска Турција продолжи со гранатирање на локации кои се под контрола на Курдите близу турската граница. Засега најжестоки напади се случуваат во градовите Рас ал Аин и Тел Абјад.

Претходно е соопштено и дека турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници во средата влегле на североисток во Сирија, стои во соопштението на министерството за одбрана на Турција, со што почна копнената офанзива против борците на курдската полиција.

Порано турски воени авиони и артилерија ги гаѓале позициите на курдските борци во прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекле од тоа подрачје.

Турското министерство за одбрана соопшти дека од порано нивните вооружени сили погодиле вкупно 181 цел во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот