Гренланд/ Фото: Wikimedia Commons

Копенхаген: Расмусен и Рубио ќе разговараат за Гренланд

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во телефонски разговор се договориле подоцна да ја отворат темата Гренланд, се наведува во соопштението на данското Министерство за надворешни работи.

Расмусен и Рубио разговарале и за Украина, европската безбедност и ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.

Расмусен во вторникот ги отфрли предлозите на новиот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп дека САД би можеле да се обидат да ја преземат контролата врз Гренланд, додека премиерот на Гренланд Муте Егеде рече дека Гренланѓаните не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци.

Расмусен рече дека е особено загрижен поради ширењето на „реториката“ на новиот американски претседател, кој зборуваше за проширување на американската територија, пренесува Танјуг.

Гренланд е данска автономна територија и е најголемиот остров во светот, како и најголемата зависна територија, а нејзините жители се и граѓани на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот