Координативен состанок во ЦУК за рано предупредување и превенција од пожари

Противпожарно возило / Фото: МИА

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска во Центарот за управување со кризи беше реализиран работен состанок, каде беше потенцирана потребата од итно и навремено известување, комуникација и координација како важен сегмент во фазата на рано предупредување и превенција од пожари во Системот за управување со кризи (СУК).

Состанокот, како што информира ЦУК, е одржан под раководство на в.д. директорот Стојанче Ангелов.

Покрај Ангелов, на состанокот присуствувале и претставници на дел од институциите кои имаат надлежност во справување со пожари – командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби и Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП Национални шуми.

Како што посочија од ЦУК, навремената реакција и справување со пожар во голема мера ќе ја намали потребата од интервенција на поголеми сили и средства, ако известувањето биде навремено, точно и прецизно.

На состанокот биле елаборирани и сите проблеми и недостатоци со коишто субјектите во СУК досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои се уште не е изнајдено соодветно решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот