Конвертирањето на постојната флота возила на метан и автоплин е најевтино и најбрзо решение

МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ

Законодавството на Европската Унија ги засега само новорегистрираните возила и има одложени ефекти, додека конвертирањето на постојната флота возила на метан или автоплин е евтино и брзо решение што може значително да го забрза намалувањето на емисијата на штетни гасови од транспортот.

Автоплинот и метанот може да се користат за погон на автомобили, комбиња и тешки камиони и автобуси. На пазарот веќе се достапни нови модели со фабрички вграден уред, додека најголемиот дел постојни бензински возила може лесно да се пренаменат за користење на автоплин, а дизел-возилата на метан.

Автоплинот е чисто гориво на денешницата бидејќи плинот речиси и да не емитува ситни честички, а има и до 20 проценти помала емисија на CO2 споредено со бензинот, мерено во реални услови на возење.

Во некои држави на пазарот веќе е достапен и биотехнички нафтен гас, што е обновливо гориво кое може да ги намали емисиите на CO2 и до 90 проценти во однос на конвенционалниот технички нафтен гас. Обновливиот  биотехнички нафтен гас  се меша со конвенционалниот технички нафтен гас, а може дури и целосно да го замени без никакво влијание врз моторот.

Автоплинот е евтино алтернативно гориво, бидејќи цената за пренамена на конвенционалните бензински возила на технички нафтен гас се движи од 500 до 2.000 евра, а цената на автоплинот во Европската Унија во просек е за 57 проценти поевтин од бензинот, односно за 53 проценти поевтин од дизел-горивото.

Европската ТНГ асоцијација во извештајот „Визија 2050“ наведува дека позитивните ефекти од употребата на технички нафтен гас во транспортот се препознаени од законодавството на Европската Унија за алтернативни горива. Од асоцијацијата укажуваат дека  биотехничкиот нафтен гас  има ист хемиски состав како техничкиот нафтен гас и соодветно на тоа е еднакво чисто гориво со ниска емисија на штетни гасови, додека, истовремено, има многу помало загадување при производството и може да биде едно од чистите горива на иднината.

Според податоците од  Државниот завод за статистика во нашата држава во 2018 година биле регистрирани вкупно 415.051 патничко возило, од кои само 2,8 проценти користеле алтернативно гориво. На нашите патишта имало 11.706 автомобили кои користеле гас, а 44 биле електрични автомобили. Бројот од 194.384 бензински и 208.805 дизел-автомобили со просечна старост од 19,1 година е сериозен проблем во однос на аерозагадувањето, а тоа, воедно, претставува предизвик за нивно конвертирање кон автотехнички нафтен гас  и со тоа значително намалување на емисијата на штетни гасови.

 

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот