Контурирање на косата: Најдобар начин да се истакнат убавините на лицето! (ФОТО)

Profimedia

Контурирањето е шишање, техника на бојадисување и обликување на светлата коса и сенката за да се постигне одреден визуелен ефект, односно визуелно да се променат цртите на лицето.

Со мудрото контурирање на косата, лицето можеме да го стесниме, прошириме, намалиме челото, да ги ублажиме острите црти и многу други работи. Фризерите ја објаснуваат поентата на оваа техника: „Доколку сакаме да скратиме некои делови на лицето, тоа можеме да го постигнеме со косата, нејзината густина и сенка, додека истовремено треба да дозволиме светлост на оние места кои сакаме да ги нагласиме“.

Покровител на оваа техника за бојадисување е Ник Пена, сопственик на познат фризерски салон во Бостон, кој објаснува: „Осветлувањето и додавањето сенки на одредени делови од косата може да доведе до илузија на поинаков изглед на лицето, зависно од тоа што сакате да нагласите. На пример, доколку некој има издолжено лице, светлите прамени покрај ивицата на лицето може да дадат впечаток на проширување, додека пак жените со изразена вилица треба да го направат обратното. Тие треба да имаат светли прамени кај темето, а потемни покрај вилицата. За високо чело идеални се омбре прамените кои го ставаат фокусот на долниот дел од лицето, додека за широкото лице добро е прамените да се потемни покрај рабовите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот