Контроверзно: Академијата нема да ѝ ја одземe номинацијата за Оскар на Андреа Рајсборо

Мишел Јео, Андреа Рајсборо и Кејт Бланшет
Мишел Јео, Андреа Рајсборо и Кејт Бланшет / Фото: EPA

Британската актерка Андреа Рајсборо ќе ја задржи контроверзната номинација за Оскар за филмот „To Leslie“ (За Лесли), иако анализата на необичната промотивна кампања на независниот филм предизвикува загриженост, објави Академијата за филмски уметности и науки, пренесува Хина.

Фото: Профимедиа

Номинацијата на британската ѕвезда за најдобра актерка, која неодамна ја објави најпрестижната група за доделување на награди во Холивуд, предизвика шок во филмската индустрија.

Додека критичарите ја фалат нејзината изведба, филмот заработи само 27.000 долари на киноблагајните и немаше скапа и многу видлива маркетинг кампања која се смета за клучна за номинациите за Оскар, пишува „Ал Џезира“.

Филмот за мајка од Тексас, која добива на лотарија, но го троши цело богатство и тоне во алкохолизам наместо скап маркетинг, се потпира на интензивна кампања на социјалните мрежи што се одвива во последен момент, а во која учествувале и истакнати славни личности, вклучувајќи ги Едвард Нортон, Гвинет Палтроу и Сара Полсон.

Во Холивуд се разви дебата за тоа дали се прекршени правилата на Академијата против лобирање или омаловажување на конкуренцијата.

„Академијата утврди дека оваа активност не е на такво ниво за да треба да се поништи номинацијата на филмот“, соопштија од групата што ги доделува Оскарите. „Меѓутоа, откривме тактики за водење на кампањата кои предизвикаа загриженост. За тие тактики директно се разговара со одговорните страни“.

Оскарите се доделуваат врз основа на гласовите на 9.500 членови на Академијата за филмски уметности и науки. Номинациите ги одредува секоја гранка на Академијата, а за номинациите за Оскар за актери, вклучувајќи го и Рајсборо, гласаа околу 1.300 членови на огранокот.

Токму овие членови, наводно, биле цел на е-пошта и објави на социјалните мрежи, поттикнувајќи ги да гласаат за Рајсборо и барајќи од другите да го сторат тоа.

„Целта на правилата на кампањата е да се обезбеди фер и етички процес на доделување награди – тоа се основните вредности на Академијата“, стои во соопштението на Академијата.

Оскар номинирани/ Фото: Профимедиа

Евентуалните промени ќе бидат спроведени дури по овогодинешното доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 12 март.

Објавени номинациите за Оскари 2023: Голема конкуренција и неверојатни изненадувања

ФОТО | Џејми Ли Кертис за првпат е номинирана за Оскар: Актерката не ја криеше возбудата

Џими Кимел повторно ќе биде водител на „Оскарите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот