Контроверзниот професор Дидие Раулт: Епидемијата завршува, нема втор бран

epa08414287 Customers wearing protective face masks queue outside a Zara store before reopening on the Champs Elysee avenue in Paris, France, 11 May 2020. France began a gradual easing of its lockdown measures and restrictions amid the COVID-19 pandemic. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Бројките за епидемијата на новиот коронавирус во Франција од пред неколку дена се помалку алармантни, додека СЗО исто како и француската влада повторува дека „екстремната будност останува неопходна”. ТНо, според контроверзниот професор од Марсеј, Дидие Раулт „епидемијата завршува”, јави дописникот на МИА.

-Епидемијата завршува, ова е оптимистичкиот став, даден од професорот Дидие Раулт во неговиот последен билтен објавен на неговиот профил на Твитер. Запрашан да ја опише состојбата во Марсеј, специјалистот за заразни болести уверува дека епидемијата Ковид-19 „исчезнува” во Марсеј, откако вчера бил дијагностициран еден случај од над 1.200 тестирани.

– Значи, можеме јасно да видиме дека нештата престануваат –  инсистира тој. Според него, ова забавување на епидемијата е објаснето во Марсеј со тоа што има „систематски дијагностицирани и лекувани” пациенти, а во смисла дека третманот го намалува времетраењето на вирусното носење.

Професорот е исто толку оптимист кога зборува за епидемијата во остатокот од Франција.

– Оваа епизода е решена. Никаде нема втор бран, тоа е баналната крива – инсистира тој.

– Неколку спорадични случаи ќе се појават овде или таму, ако има некој кој е супер заразен, но сето тоа веќе не ја одразува епидемиската динамика. Епидемијата завршува – нагласува Дидие Раулт.

За потсетување, во последните денови се пријавени неколку жаришта епидемијата во Франција.

Генералната дирекција за здравство (ДГС) во вторникот вечерта објави дека во последните 24 часа во Франција имало 348 нови смртни случаи поради Ковид-19. Бројка која се зголемува во однос на претходниот ден. Вкупно 26 991 лица починаа од коронавирус во земјата од почетокот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот