Контроверзниот документарец за принцезата Дајана ги разбесни принцовите: Сакала да се убие 4 пати!

Profimedia

Ни кралското семејство ни семејството на принцезата Дајана нема да учествуваат во контроверзниот документарец, тие одбиле да зборуваат и да снимаат. Продуцентите планираат четири продолженија, а како што пишува Дејли мејл, принцовите Хари и Вилијам „ќе се соочат со ново страдање“.

Profimedia

Како што пишуваат британските танблоиди, на популарната платформа Нетфликс наскоро треба да излезе документарецот „Being Me: Diana“, кој ги следи животните турбуленции на нивната мајка, принцезата Дајана.

Серијалот е во продукција на ТВ-компанијата ДСП, која стои зад популарната драма 127 hours и компанијата ИТВ, позната по серијата посветена на парот кој се натрепраруваше во уметнички лизгање „Torril & Dill“. Сепак, од Нетфликс се уште немаат официјално најавено или објавено нешто за овој проект, за кој се шпекулира дека би можел да ги сруши сите досегашни рекорди на гледаност на платформата.

profimedia

Во документарецот ќе биде изнесено скандалозно тврдење дека принцезата дури четирипати се обидела да си го одземе животот. Приказната ќе ја следи борбата на принцезата за нејзиното нарушено ментално здравје, пореметувањата во исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс и болното детство.

„Вилијам и Хари ќе бидат многу вознемирени и бесни“, рекол анонимен извор за британските медиуми.

profimedia

Нетфликс веќе соработуваше со принцот Хари, а тој и Меган Маркл водат преговори со стриминг-сервисот во врска со идни проекти, па се шират гласини дека овој документарец би можел да ги наруши нивните односи, па затоа платформата досега нема објавено ништо за оваа серија.

профимедиа

Документарецот што се подготвува наводно ќе прикаже никогаш досега невидени снимки од принцезата Дајана во периодот од 1900 до 1992 година, а ќе ја следи нејзината внатрешна борба пред одлуката да се разведе од принцот Чарлс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот