Контроверзниот доктор кој беше член на тимот на Трамп за борба против ковид-19 поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Научниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, д-р Скот Атлас, познат по тоа што беше скептичен за воведување на мерки за спречување на коронавирусот, поднесе оставка.

Функционер од Белата куќа потврдил дека докторот од Универзитетот Стенфорд поднел оставка на крајот на привремениот ангажман во американската администрација, пренесува АП.

Веста за оставката ја потврди и Атлас во објава на Твитер.

Атлас се придружи на тимот на Белата куќа за време на летото, а често имаше конфликти со највисоките владини советници за коронавирус, вклучувајќи го и д-р Ентони Фаучи, кои бараа построги епидемиолошки мерки.

Тој ги критикуваше напорите луѓето да се охрабрат да носат заштитни маски, а пред само неколку недели на Твитер по повод воведување на новите мерки во Мичиген, ги повика граѓаните да се спротистават на таа одлука.

Универзитетот Станфорд се дистанцираше од својот професор, истакнувајќи во соопштение дека „изнел ставови кои не се совпаѓаат со пристапот на универзитетот како одговор на пандемијата.“

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот