Контроверзниот брак на руската убавица и малезискиот крал: По СЕКСОТ ВО БАЗЕНОТ, не верува дека Леон е НЕГОВ СИН (ВИДЕО)
Откако дознал за скандалозниот секс на неговата сопруга Оксана Воеводина во базенот, поранешниот малезиски крал Мухамед Петти се развел од неа минатиот месец на исламска церемонија извршена без нејзино знаење.
Точно една година по венчавката и само два месеца по раѓањето на идниот малезиски крал Исмаил Леон, дошло до развод.
Поради љубовта кон 23 години помладата убавица, Мухамед абдицирал и ја одбил можноста да стане нов малезиски крал. Денес веројатно жали поради тоа, но не може да го врати времето.
Сега адвокатот на султанот Мухамед испитува дали синот, кого го добиле пред два месеца, е навистина негов.
Во меѓувреме 27-годишната Оксана се огласи на друштвените мрежи, на кои објави фотографии со синот, велејќи дека е „горда што во неговите вени тече малезиска крв“.
„Го пишувам овој пост и не можам да ги задржам солзите. Мислам дека не е потребно зашто тоа се солзи на среќата и на благодарноста“, напиша Оксана.
Додава дека во животот морала да се соочи со многу злоба, клевети и завист, но и дека оние кои ја поддржале ја убедиле дека сè уште има многу љубезност во светот.
Руската убавица не признава дека се разведени.
„Во Русија сум со синот. Не сме биле во Сингапур поради потпишување на разводот. Тоа е само провокација, не сме разведени“, рекла Воеводина за медиумите.