Контроверзни родители открија како ги одгледуваат децата: Мајката ги дои со години, не се вакцинирани и не одат на училиште

Принтскрин/Јутјуб

Адел Ален (36) од Велика Британија стана позната во јавноста кога во 2016 година нејзината ќерка изврши „мала нужда“ во студиото за време на снимањето на јавна емисија, а сега мајката ги откри сите необични навики и начини на одгледувањето на своите деца и стана една од најконтроверзните мајки.

Нејзиниот сопруг Мет (36) и таа имаат три деца, Улисес (9), Остара (4) и Кај (1), кои ги одгледуваат на начин на кој сите одлуки за својот живот децата ги донесуваат самостојно. Парот вели дека фактот што и двајцата ги изгубиле нивните татковци од иста последица, срцев удар предизвикан од стресен живот, било поттикнувачки за почеток на нивниот поинаков живот.

Но, Адел откри уште една работа за која јавноста ја критикуваше дека е бизарна, а тоа е дека таа со години ги дои своите деца. Адел не верува во замените на мајчиното млеко.

Остара (4) и Улисес (9) сами одлучуваат дали и кога ќе спијат или јадат, а миењето заби е опционално / Фото: Инстаграм

Најмногу проблеми имала со Остара, затоа што не сакал да го прифати нејзиното млеко, но таа се потрудила тој, сепак, да го консумира. Мајката доби најмногу критики кога во 2016 година откри дека тогаш сè уште го доела тогаш својот петгодишниот син Улисес, откако водителката забележа дека детето ја допира за градите.

Нејзиниот сопруг Мет доби многу критики кога откри дека одењето на работа во полно работно време не му е во план, туку дека тој и неговото семејство се среќни затоа што живеат од државна помош. 

„Главно тоа е помош, но ние земаме најмалку пари, само за сместување и за децата. Мислам дека тоа се 190 фунти неделно. Навистина сметам дека со тоа ние не го искористуваме системот“, вели Мет. 

Адел и Мет им дозволуваат на децата сами да одлучуваат за себе, вклучувајќи го и времето кога ќе одат на спиење (често околу полноќ), дали да ги измијат забите (понекогаш) и дали воопшто да одат на училиште (никогаш). Родителите сметаат дека доволно е да ги едуцираат децата дома, тековно следејќи кои се нивните интереси. Тие не сметаат дека децата се изоставени од можности поради ваквиот пристап.

Децата, без оглед на возраста, се третираат како возрасни, па сами одлучуваат што да прават со својот ден. Нивните деца не примиле никакви вакцини, затоа што Адел не верува во нив, туку вели дека ќе го примаат само она што мораат доколку одат во земја погодена од маларија.

Тие исто така не веруваат ни во болници, но признаваат дека би отишле на лекар само ако е во прашање живот и смрт. Запрашана дали би ги однела децата во болница доколку имаат тешки симптоми, како континуирана висока температура, Адел одговара дека не постои „вештачки“ начин на кој може да се намали телесната температура, алудирајќи дека не и верува на модерната медицина.

– Децата би ги однела во болница само ако е итно и мислам дека не можам сама тоа да го решам. Телото има свој имунолошки систем за борба против болестите и јас верувам во тоа – вели Адел. Покрај контроверзиите со одгледувањето на децата, Адел ги шокираше луѓето кога откри дека таа на кучето му го дава своето млеко додека е болно, како лек за неговите проблеми.

Таткото Мет со Кај која сега има 4 години / 2020 / Фото: Инстаграм

Во ек на пандемијата, во април Адел објави на нивниот заеднички инстаграм-профил дека тие се благословени што имаат градина на располагање, каде нивните деца можат да си играат и покрај рестрикциите за движење. Во истата објава, тие ја поистоветуваат коронакризата со популарнaта дистописка триологија „Hunger games“, истакнуваат дека не планираат да плаќаат целосен јавен данок со оглед на тоа што сите јавни паркови се затворени за посета.

Британските медиуми пишуваат дека периодов Адел споделувала и непроверени, лажни вести за „5г радијација и труење“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот