Контроверзна фотографија на Аца Лукас: Пејачот лежи на кревет, а до него бело „брашно“ (ФОТО)

Instagram

Познатиот пејач откри како настанала фотографијата која овој викенд ги заобиколи друштвените мрежи.

Пејачот Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, ја прокоментирал фотографијата која кружи на интернат, на која тој лежи на кауч, а покрај него е кесичка со бел прав.

Аца на фотографијата е без маица, собата е јако осветлена со сончева светлина, па веројатно не настанала во последните неколку недели.

Facebook

„Фотографијата е направена многу одамна, на шега со другарите. Каква дрога, тоа е шеќер! Ние се за***вавме, а некој сега тоа го злоупотребил од не знам кои причини. Зарем мислите дека јас после сето тоа што го направив во животот, би си дозволил нешто такво? Ни кога го правев тоа не беше можно да исплива ваква фотографија, а не пак сега. Ме боли уво, немам за што да се правдам“, порачал фолкерот во изјава за Večernje novosti, пренесуваат од Glossy.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот