Контролниот центар за мониторинг на сите наплатни станици почнува со работа

Фото: МИА

Контролен центар за патарини и патишта преку кој ќе се врши мониторинг на сите наплатни станици, како и регулирање на сообраќајот на автопатната мрежа во земјава ќе биде официјално отворен денеска кај наплатниот пункт Петровец.

На отворањето, како што е најавено ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов.

Центарот е дел од проектот за модернизација на патарините и претствува инвестиција од околу 18,6 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот