Контролни вакцини од Институтот Торлак се испратени на анализа во Москва

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска изјави дека во претходните два дена биле наполнети три милиони шишенца  од вакцината „Спутник В“ со компонента еден и исто толку со компонента два и по 1.100 од нив се испраќаат во Москва на 21-дневна анализа”.

– Тие ќе одлучат дали Институтот Торлак е подготвен да почне со производство на овој начин како што тоа го стори сега. Се надеваме дека се ќе биде во ред, изјави Поповиќ за РТС. Тој додаде дека руските експерти кои сега биле на Торлак, ја признале нивната исклучителна ефикасност.

Според него, таквиот вид на производство може да започне на крајот на мај, а „на почетокот на јуни првите граѓани ќе можат да се имунизираат со вакцини од Торлак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот