КОНТРАОФАНЗИВА: Хуавеј бара милијарда долари за користење на свои патенти во САД

Фото: EPA

Помина еден месец од почетокот на „случајот Хуавеј“, односно откако американската администрација повлече прв очигледен офанзивен потег, во веќе актуелната трговска војна со Кина.

Од моментот кога Трамп им забрани продажба на американска технологија во кинеските компании, технолошкиот гигант од Шенжен и еден од најголемите глобални играчи на полето на мобилните телефони стана главна тема во надворешната економска политика на САД.

Иако досега влгавно се зборуваше за последиците од оваа одлука кои понатаму би можел да ги претрпи Хуавеј, сега, се чини дека е време за контраофанзива.

Кинеската компанија најави дека од американскиот телекомуникациски конгломерат – компанијата Веризон, ќе бара, ниту помалку ниту повеќе туку милијада долари!

Барањето на Хуавеј е врз основа на многубројните патенти и технологии, врз кои тие имаат права, а кои Веризон ги користи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот