Континуиран раст на бројот на патници на Скопскиот аеродром

Веќе 64 месеци по ред, Меѓународниот аеродром во Скопје бележи исклучителен раст на бројот на патници, при што бројките покажуваат континуиран пораст од јануари 2014 година.

Во првите пет месеци од годинава на Меѓународниот аеродром Скопје минале 844.214 патници, што е зголемување за 7,6 проценти. Во истиот период имало 7.096 полетувања и слетувања, а биле пренесени и 1.636 тони товар и пошта.

Од почетокот на годинава Визер воведе две нови линии, од Скопје за Баден и за Бремен, а кон крајот на идниот месец ќе има уште две, за Турку и Ларнака.

Визер во првите пет месеци од годинава го држи првото место по превезени патници, 66,4 отсто, потоа следува Туркиш ерлајнс со 7,2 отсто, Аустриан ерлајнс со 5,1 отсто, Чајна ерлајнс со 4,5, Пегасус ерлајнс со 3,1 и Еделвајс ер и Кроација ерлајнс со заеднички 2,8 отсто од превезените патници.

Истанбул и натаму е најпопуларната дестинација, па 10,3 отсто од сите патници пристигнале или заминале за Истанбул. Следен е Цирих со 7,3 отсто, Базел со 5,5, Виена со 5,2, Малме со 4,5 и Братислава со 3,4 отсто.

Во истиот период аеродромите во Скопје и Охрид заедно имале 914.759 патници што е зголемување за 11 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот