„Континентал“ оди под хипотека за кредит од 960.000 евра

Одлуката за ставање под хипотека на хотелот „Континетал“ треба да ја донесе собранието на акционери на „Интернешнел хотелс“ АД Скопје закажано за 5 март годинава.

Компанијата „Интернешнел хотелс“ АД Скопје како хипотекарна гаранција за кредит од 960.000 евра во Комерцијална банка го става хотелот „Континентал“, земјиштето под него како и целиот инвентар и опремата со кои располага, соопшти компанијата преку Македонска беза.

Одлуката за ставање под хипотека на хотелот „Континетал“ треба да ја донесе собранието на акционери на „Интернешнел хотелс“ АД Скопје закажано за 5 март годинава.

Според она што е соопштено, за добивање рамковен револвинг кредит-лимит во износ од 960.000 евра, „Интернешнел хотелс“ АД Скопје под хипотека става недвижен имот зградата на хотелот со вкупна површина од 17.135 м2 негова сопственост и земјиште под и околу објектот со вкупна површина од 12.296 м2 , како и подвижен имот – опрема и инвентар во хотелот „Континентал“.

Имотот кој се дава под хипотека има вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра што е 74,7 отсто од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка.

Од одлуката на акционерите ќе зависи дали „Интернешнел хотелс“ АД Скопје ќе се задолжи во Комерцијална банка со кредит од 960.000 евра.

Исто така преку Македонска берза компанијата соопшти дека вкупниот број на акции на Интернешел Хотелс АД Скопје на денот на објава на јавниот повик за учество на седницата на Собранието закажано за 05.03.2020 година изнесува 530.544 акции.

Бројот на сопствени акции без право на глас изнесува 30.405 акции. Вкупниот број на акции со право на глас изнесува 500.139 акции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот