Контејнерите за собирање на облека на Црвен крст, честа мета на крадците

Црвениот крст во Скопје има неколку контејнери за собирање на облека, каде граѓаните можат да ја донираат својата стара облека за социјално загрозените фамилии. Меѓутоа, овие контејнери често се мета на крадците и покрај тоа што се оградени и заштитени.

Единствениот пристап е од надворешната страна на контејнерот, кој граѓаните го користат за да ја остават старата облека. Сепак, за вработените на Црвен крст, честа слика е да ги најдат контејнерите наутро со расфрлена облека пред нив.

– Обично, тоа за жал го прават Ромите. Колку и да е тоа опасно, колку и да сме укажувале, колку и да сме пријавувале во полиција, тие влегуваат во контејнерите – кажуваат од Црвен крст, кои велат дека тие го чекаат вистинскиот момент за крадење, кога е мала веројатноста некој да ги забележи.

 Од Црвен крст исто така посочуваат дека ова е проблем со сите контејнери за собирање на облека.

Такви контејнери има 6 низ Скопје, пред Црвениот крст на Република Македонија, пред Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ – општина Аеродром, пред општинската организација на Црвен крст Карпош, пред општинската организација на Црвен крст Чаир и пред ТЦ Скопје Сити Мол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот