Конте: Време е да ја свртиме страницата, Италија заслужува обединета влада

Италијанскиот премиер Џузепе Конте разговараше со членовите на Долниот дом на италијанскиот Парламент бидејќи Владата западна во криза откако коалицискиот партнер, партијата Италија Вива ја напушти Владата.

Премиерот Конте од собраниската говорница им се обрати не само на членовите на Парламентот, туку и на граѓаните, повикувајќи ги да помогнат во решавањето на сегашната здравствена и економска криза.

– Досега ни укажавте голема доверба, која мора да биде реципрочна. Покажавте голема одговорност и дека имате доверба во институциите. Се надевам дека денешното гласање во Парламентот ќе биде адекватен одговор на вашата доверба, што ќе ни овозможи да ја санираме штетата предизвикана од неодговорноста на оние што ја предизвикаа кризата, рече Конте, алудирајќи на лидерот на партијата Италија Вива, Матео Ренци, кој по еден месец уцени и ултиматуми, предизвика владина криза.

Конте рече дека Владата има солидна основа составена од две важни партии на левиот центар, Демократската и Движењето пет Ѕвезди, но и малата партија Слободни и еднакви.

– Нашата земја заслужува обединета влада. Време е да ја свртиме страницата, рече Конте.

Во меѓувреме, Матео Ренци на својот профил на Твитер напиша: „Се гледаме утре во Сенатот”, алудирајќи на фактот дека сегашната Влада има помала поддршка во Горниот дом на Парламентот и дека утре всушност ќе биде критичен ден за гласање на доверба на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот