Конте се согласи да го наследи Солскјер на клупата на Јунајтед и веднаш испорача листа со потенцијални засилувања

Антонио Конте се очекува во текот на денот да пристигне во Лондон на завршни преговори со Тотенхем/фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Дебаклот против Ливерпул и поразот од 0:5 во Премиер лигата дефитинивно ја прели чашата кај сопствениците на Манчестер јунајтед кои се одлучија за промени и прва жртва ќе биде Оле Гунар Солскјер.

Сопствениците на Јунајтед, браќата Глејзер, во текот на вчерашниот ден разговарале со извршниот потпретседател Ед Вудворд и барале објаснување за катастрофалниот пораз од Ливерпул, по што целата вина падна врз Солскјер.

Норвежанецот пак од играчите барал да го поддржат, но поголем дел од нив сметаат дека тој не е дораснат на предизвикот да води тим како Манчестер јунајтед, а дополнителен проблем претставува и податокот дека најголемата ѕвезда на екипата Кристијано Роналдо исто така бара негова смена.

Во Јунајтед се подготвени и да платат големо обесштетување на Солскјер кој има договор со 2024 година, а негов наследник ќе биде Антонио Конте.
Конте според италијанските медиуми веќе дал зелено светло на својот агент да ја прифати понудата бидејќи не сака да ја пропушти шансата да седне на клупата на еден од најголемите фудбалски клубови на светот, но ќе бара да му бидат исполнети одредени услови.

Имено, Конте од управата ќе бара во наредните два преодни рокови да му ги донесе Николо Барела од Интер и Федерико Киеза од Јувентус, а исто така ќе бара и засилувања во одбраната за да може и во Јунајтед да игра во омилената формација 3-5-2.

Евентуалното доаѓање на Конте на клупата на Јунајтед ќе биде по првиот нареден кикс на Солскјер кого во наредниот период го очекуваат три пеколно тешки натпревари, против Тотенхем во Премиер лигата, па гостувањето кај Аталанта во ЛШ и потоа градското дерби со Манчестер сити исто така во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот