Конте се договори со Интер

EPA/ANDY RAIN

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Интер, објави италијанската телевизија Скај спорт. Според телевизијата, тие веќе го потпишале договорот, а официјалната промоција ќе биде по завршувањето на сезоната. Се шпекулира дека Италијанецот ќе добие тригодишен договор, а платата би му изнесувала помеѓу 9 и 10 милиони евра годишно.

Доаѓањето на Антонио Конте во Интер, е по заслуга на директорот Бепе Марота кој конечно успеа да го убеди сопственикот Стивен Женг, дека токму поранешниот селектор на Италија е идеалното решение за клупата. Тие двајца имаа успешна соработка со Јувентус, каде освоија три титули едноподруго во Серија А.

Сопственикот Жанг на Конте му ветил повеќе од 100 милиони евра за засилувања, кои би биле доволно за ангажирање на 2-3 врвни засилувања со кои се очекува Интер да му биде сериозен конкурент на Јувентус за титулата во Серија А .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот