Конте пред заминување од Интер, веќе е познат наследникот?!

epa08617445 Inter coach Antonio Conte walks past the trophy after picking up his runner-up medal after the UEFA Europa League final match between Sevilla FC and Inter Milan in Cologne, Germany 21 August 2020. Sevilla won 3-2. EPA-EFE/Ina Fassbender / POOL

По поразот во финалето од Лигата на Европа, Конте на прес конференцијата помеѓу зборови најави можно заминување од тренерската клупа.

Интер по пауза од 10 години се пласира во европско финале, но на крајот остана со празни раце бидејќи Севиља дојде до шестиот триумф во Лигата на Европа. Разочарувањето од поразот беше големо кај тренерот на Интер кој на прес конференцијата по натпреварот најави и можна оставка.

– Имаме различни погледи. Морам да размислам за приоритетите, фудбалот или семејството. Сега ќе ги одмориме глоавите, и за неколку дена ќе седнам да раговарам со клубот – изјави Антонио Конте.

За Конте не претставува проблем поразот, туку односите во клубот, кавгите со извршниот директор Бепе Марота, но и желбата тој да одлучува за сите трансфери во Интер. Од друга страна, кинеските сопственици, семејството Жанг му замерува на тренерот за изјавата по победата над Аталанта кога ги нападна сите.

– Не е прашање некаква огорченост, туку различно гледиште на оваа сезона и ситуацијата во клубот и тоа мене не ми се допаѓа. Одлуката е на претседателот, не сакам повторно ваква сезона – повторно беше мистериозен Конте.

Според италијанските медиуми, Конте е незадоволен бидејќи клубот не ја заврши добро својата задача во поглед на засилувањата, тренерот верува дека е пропуштена голема шанса за титулата бидејќи Интер во зимскиот преоден рок не донесе играчи по негова желба како Артуро Видал, туку Кристијан Ериксен кој не е во неговите планови.

Медиумите го знаат наследникот доколку Конте одлучи да си замине од клупата, тоа е човекот кој го наследи и на клупата во Јувентус, Масимилијано Алегри кој наводно имал средба со Марота и се согласил на понудените услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот