Конте: Ова е Интер кој сакам да го гледам

фото:Twitter

Екипата на Интер во градското дерби против Милан победи со 2:0 и остана единствена екипа со максимален скор во Серија А по четири кола.
Трнеерот на Интер, Антонио Конте е задоволен од победата на неговиот тим, но и од прикажаната игра која наликува на тоа што посакува да го гледа на секој натпревар.

– Градски дерби натпревари се посебни и никогаш не е лесно да ги добиете. Задоволни сме, момците одиграа добро, иако на претходниот меч потфрливме. Среќен сум што брзо го заборавија киксот со Славија, добро е што се вратија на вистинскиот пат и што ги направија среќни навивачите. Лукаку и Лаутаро ни се многу важни, моја работа е да им помогнам да напредуваат. Игравме како тим, имаме идеја што треба да се прави и кога ја имаме и кога ја немаме топката – рече Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот