Конте опоменат од челниците на Интер

Фото: inter.it

По поразот на Интер од 3:2 на гостувањето кај Борусија Дортмунд, Антонио Конте имаше свое шоу на прес конференцијата во кое ги обвини челниците на екипата дека не го одработија добро преодниот рок, и дека Интер нема доволен број на квалитетни фудбалери.

Веднаш по враќањето од Германија, е одржан состанок во тренинг ценатрот „Апијано Џентиле“ на кој присуствувале директорот Бепе Марота и Конте на кој биле разрешени сите дилеми и според информациите тренерот бил уште еднаш опоменат да биде гласен во нападите кон раководството и да биде трпелив.

Со посредство на сопственикот Жанг, на тренерот му е ветено дека клубот во зимскиот преоден рок ќе се засили, но и дека освен тонот мора да ги смали и амбициите.

– Скудетото не ни е цел оваа сезона, туку да растеме како екипа за да можеме да растеме и за брзо време да бидеме способни да се натпреваруваме со екипите кои во моментов се подобри од нас – изјави неодамна Марота.

Меѓутоа Антонио Конте е амбициозен, верува дека и оваа сезона може да се бори со Јувентус за титулата во Серија А, дури и да го освои скудетото, и затоа бара засилувања. Тренерот е бесен на управата бидејќи во летниот преоден рок не успеа да го ангажира Александар Коларов кој ќе му ги решеше проблемите во одбраната бидејќи може да игра на сите позиции во последниот ред пред голманот Хандановиќ.

Интересно е што италијанските медиуми утрово објавија интересна статистика поврзана со победата на Борусија која успеа да се врати од негатива од 0:2 и да победи против Интер. Стартерите на германскиот тим имаат одигра 1000 минути повеќе од тие на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот