Конте обожува да пазари во Премиер лигата, следна цел е ѕвезда на Арсенал

twitter/inter

Нападот на Интер за следната сезона треба да биде посилен за Пјер-Емерик Обамејанг.

Екипата на Интер сезонава заедно со Лацио ќе се обидат да ја прекинат осумгодишната доминација на Јувентус во Серија А, но тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте веќе се подготвува и за наредната сезона.

Италијанецот кој од 2016 до 2018 година го тренираше Челси, одлично го знае квалитетот на играчите кои играат во Премиер лигата и затоа постојано бара засилувања во Англија.

Конте откако минатото лето седна на клупата на Интер ги донесе Ромелу Лукаку, Алексис Санчез и Ешли Јанг од Манчестер јунајтед, Виктор Мозес од Челси и Кристијан Ериксен од Тотенхем, сега планира да пазари во Арсенал.
Интер на лето ќе се обиде да го купи одличниот напаѓач на „топчиите“, Пјер-Емерик Обамејанг кој не сака да остане во Арсенал.

twitter/Arsenal

Обамејанг има уште 18 месеци од договорот со Арсенак, но веќе ја одби понудата да потпише нов договор за 350.000 фунти неделна плата, со што ги алармира заинтересираните екипи.

Интер планира да понуди 70 милиони евра за Обамејанг, а парите ќе бидат обезбедени од продажбата на Лаутаро Мартинез кој има откупна клаузула од 110 милиони евра. Таа сума не претставува проблем за Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер јунајтед кои сите се заинтересирани за услугите на аргентинскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот