Конте: Немам зборови за луѓето кои го негираат коронавирусот, нека ги погледнат бројките

Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека „нема зборови” за луѓето кои го негираат постоењето на коронавирусот и порача да ги погледнат бројките.

Во врска со најавите за митинзи на противниците на вакцината за коронавирус и луѓето кои ја негираат пандемијата, Конте се обрати „на оние што се собираат во Рим и кои мислат дека пандемијата не постои” и одговори со бројки: „Повеќе од 274.000 заразени и околу 35,000 мртви. Точка”.

Бројот на заразени лица на дневна основа, кој се намали на почетокот на летото и беше под 200, во петокот надмина 1.700, што е најголемо зголемување на дневно ниво од почетокот на мај,

Повеќето од новозаразените се луѓе кои се враќаат од годишен одмор, претежно млади, а Конте рече дека Владата ќе интервенира доколку работите се влошат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот