Конте ќе има страшен напаѓачки тандем на „Џузепе Меаца“!? (ФОТО)

фото:твитер

Според белгиските медиуми, Интер гледа кон Дрис Мертенс (тимскиот колега на Елиф Елмас во Наполи) како можно засилување наредното лето.

На тој начин би бил заедно со неговиот репрезентативен колега од белгиската национална селекција Ромелу Лукаку и на клупски план.

Тамошниот „Хет Њусблад“ истакнува дека поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте, има високо мислење за Мертенс и дека и претходно го посакувал во лондонскиот клуб од „Стемфорд Бриџ“.

Договорот на Мертенс со „наполитанците“ истекува наредната година (30 јуни 2020) и скоро да не постојат шанси за продолжување на соработката со екипата од „Сан Паоло“.

Желбата на Мертенс е да остане во Италија и доколку Наполи не успее да го продаде во јануари, тогаш ќе биде во можност да преговара со нови клубови. Истиот извор воедно вели дека Конте го гледа Мертенс како можна замена за Лаутаро Мартинез кој пак се поврзува со трансфер во Барселона.

Интер сезонава се бори за Скудетото, моментно после 14 кола е на првото место со 37 бодови, еден повеќе од бранителот на титулата Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот