Конте ја донесе одлуката за својата иднина, планира кам-бек во Премиер лигата

Како што објавува Ромео Аргести, Антонио Конте најверојатно ќе го напушти Интер по само една сезона.

Токму Конте и неговата иднина во Интер се топ тема за италијанските медиуми во последните неколку недели, а сега известуваат дека тренерот поради бројните несогласувања со управата одлучил да си замине, иако има позитивни оценки за неговата работа.

Челниците на „нероаѕурите“ нема да се обидуваат да го задржат Конте на клупата и веќе е подготвена неговата замена во Масимилијано Алегри.

Новинарот Ромео Агрести освен што објавува дека Конте најверојатно си заминува, го открива и планот на поранешниот тренер на Јувентус, Челси и италијанската репрезентација. Тој ќе земе едногодишен одмор и ќе чека да се отвори место во Манчестер јунајтед.

Актуелниот тренер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ужива доверба од управата на „црвените ѓаволи“, но доколку во наредната сезона не освои било каков трофеј најверојатно ќе добие отказ.
Поради тоа Конте кој е разочаран од управата на Интер бидејќи не застана зад него сезоната, е подготвен да одмора една сезона од фудбалот и потоа да чека да се отвори место во англискиот тим.

Прочитајте и...  Кизиќ: Победата над Фленсбург е мотивација за нов триумф

Поврзани вести

Игравме див фудбал, но најважна е победата

Слободен печат

Бурно е во „кралскиот“ клуб, Перез во соблекувалната му дал ултиматум на тренерот Зидан

Слободен печат

Синот на легендарниот Турам преку Гугл го докажувал идентитетот на редарите пред „Џузепе Меаца“

Слободен печат

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичното лево крило на Металург во Топ 5 голови на Лига Европа!

Слободен печат

Модриќ: Не го потценивме Шахтјор, одигравме добро, но не беше доволно!

Слободен печат

Остави Коментар