Конте: Или сите ќе бидеме победници или сите губиме

Италијанскиот премиер повтори дека ЕУ би требало да понуди решенија, а не илузии и стравови.

– Или Европската унија ќе извојува победа во целина или ќе претрпи загуба во целина од предложениот Фонд за опоравување од пандемијата, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

– Денеска во ЕУ или сите ќе добиеме или ќе изгубиме сите заедно, изјави Конте во италијанскиот парламент, а повод за ваквата негова изјава се несогласувањата на земјите од јужна и северна Европа во очи на самитот на ЕУ по однос на ова прашање.

Италијанскиот премиер повтори дека ЕУ би требало да понуди решенија, а не илузии и стравови.

Европската комисија предложи Фонд за опоравување од 750 милијарди евра, од кој поголем дел ќе биде наменет за грантови, а еден помал дел за кредити.

Земјите кои се противат на ваквиот формат, пред се Германија и Холандија, сметаат дека не треба да се брза околу постигнување на договорот, а како што се наведува, Италија сака преговори меѓу две групи земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот