Конте го пецна Тухел: Не го користите Лукаку на вистински начин

Ромелу Лукаку за 115 милиони евра се пресели во Челси/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Антонио Конте кој минатата сезона со Интер ја освои титулата во Серија А му порача на Томас Тухел и тренескиот тим на Челси дека мораат да сфатат на кој начин најдобро ќе ги искористат квалитетите на Ромелу Лукаку.

Конте му беше тренер на Лукаку во Интер, а летово и двајцата си заминаа од „Џузепе Меаца“. Лукаку се пресели во Челси, додека Конте одлучи да си земе едногодишна пауза.

– Тренерот е добар доколку им помогне на играчите да напредуваат. Мислам дека во Интер направивме добра работа со Лукаку. Тој е специфичен играч, опасен е во казнениот простор и е неверојатно брз. Доколку имате таков фудбалер мора да го користите, а мислам дека во Челси се уште не знаат како тоа да го направат. Кога ќе сфатат како најдобро да ги користат квалитетите на Лукаку, повторно ќе бидат фаворити за триумф во Лигата на шампионите – изјави Конте.

Вчера Челси во дербито на колото во Лигата на шампионите загуби со 1:0 од Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот