Конте ги советува фудбалерите како да имаат секс

twitter/Inter.en

Антонио Конте го презеде Интер на почетокот од сезоната и веднаш го направи главен фаворит за титулата во Серија А заедно со Јувентус. Неговиот перфекционизам и разработувањето на тактиката до најситни детали се негов заштитен знак и тоа го потврди во интервјуто за францускиот „Л’Екип“.

– За мене натпреварувањето е еден вид на битка, нешто како „твојата смрт, мојот живот“. Фокусиран сум на тоа мојата екипа да победува, тоа е мојот стил и најверојатно ќе ме донесе до тоа кариерата пред време да ја завршам – вели Конте.

Италијанецот не ретко се воздржува да им дели совети на своите фудбалери кога станува збор и за сексуалниот живот.

– За време на сезоната на играчите им советувам сексуалните односи да бидат пократки, со минимален напор и подобро да ги користат позите на кои тие се под своите партнерки. Пожелно е партнерките да бидат нивните сопруги бидејќи бара дополнителна енергија доколку станува збор за други девојки – додаде Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот