Конте: Договор за силен и ефикасен одговор на кризата

Според Конте, 28 проценти од средствата од фондот за закрепнување на економијата на ЕУ , односно 209 милијарди евра се наменети за Италија.

ЕУ постигна договор за формирање финансиски фонд за економско закрепнување од пандемијата, што ќе овозможи силен и ефикасен одговор на кризата, изјави утринава италијанскиот премиер Џузепе Конте.

– Задоволни сме што е усвоен амбициозен план за економско закрепнување кој ќе ни овозможи силно и ефикасно да се соочиме со кризата – рече премиерот на Италија.

Според Конте, 28 проценти од средствата од фондот за закрепнување на економијата на ЕУ , односно 209 милијарди евра се наменети за Италија.

Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот