Конте добил ветување: Путин ќе формира истражен одбор за труењето на Навални

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го известил оти е согласен да формира Комитет за испитување на наводното труење на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални.

– Претседателот Путин ме увери дека Русија има намера да разјасни што се случило и ми кажа дека ќе формира истражна комисија и подготвен е да соработува со германските власти, изјави Конте за „Ил Фолио”.

Конте додаде дека соработката е најдобриот начин да се спречи овој драматичен настан негативно да влијае на односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Русија.

Навални, кој е во болница во Берлин, со авион  беше префрлен в Германија откако минатиот месец му се слоши на внатрешен лет во Русија.

Германија потврди дека Навални бил отруен од нервниот агенс Новичок и дека целта на нападот била тој да се убие, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот